Проектант аналитичар

За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Бидете дел од Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени.

Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.

Ви нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.  Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

 

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

Анализа на барања на корисниците за промена на апликативното решение, соработка во дефинирање на барањата за промена и соработка во тестирање и имплементација на промените;

Подготовка на техничка и корисничка документација за работа на апликативната програмска опрема;

Изработка на упатства и извештаи од подрачјето на работа;

Соработка во проектни и работни групи за имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на Групација Триглав.

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Соработка во развој на технологии на работа и креирање на технолошки процеси и процедури со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија;

Координација на барањата, следење на реализацијата на програмските модули за кои е задолжен;
Советување и поддршка на корисниците за развој и користење на програмски решенија.


ОД КАНДИДАТОТ ОЧЕКУВАМЕ:

Активно познавање на англискиот јазик, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.


ПОТРЕБНО ИСКУСТВО:

Напредно познавање на Т-SQL и администрација SQL Server;
Напредно познавање и искуство во работа со (C#, .NET, JSON, JavaScript)
Познавање на технологии за web и мобилни апликации;
Искуство во имплементација на проекти;
Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока.

Доколку сте заинтересирани, може да аплицирате преку линкот во прилог:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0N6N00000JNK3f

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »