Административен работник - помошник книговодител-

  • Објавен на 3.2021
  • ПРИМА ГУСТО
  • Активен до 30.03.2021
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Штип

ПРИМА ГУСТО е компанија која се занимава со пакување на производи од месо и дистрибуција.
За потребите на фирмата имаме потреба од:

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - ПОМОШНИК КНИГОВОДИТЕЛ-

ПОМОШНИК КНИГОВОДИТЕЛ -1 СЛУЖБЕНИК ( МАТЕРЈАЛНО КНИГОВОДСТВО, ПРОИЗВОДСТВО)


Основни должности:

  • Материјално книговодство
  • Подготовка на излезни фактури, прием на роба, 
  • Евиденција на влезни фактури во деловодник
  • Прием на влезни фактури
  • Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
  • Следење на законските прописи и примена на истите
  • Контролирање на состојбата на роба
  • Следење на производствени документи и книжење на истите

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економски науки
  • 5 година работно искуство
  • Искуство во производствена фирма
  • Искуство во материјално – финансово сметководство
  • Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
  • Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи

Работно време: Од понеделник до петок (од 08:00 до 16:00). Сабота и недела се неработни денови.

Доколку ги исполнувате условите, имате претходно искуство или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија со слика(CV) на македонски јазик, на нашиот емаил
E – mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »