
Го прошируваме нашиот тим! Во потрага сме по автор на содржини за порталот CRNOBELO.com.
Бараме личност со креативен ум и способност да процени и предвиди интересни теми на кои ќе истражува и пишува, а со своето знаење и искуство ќе придонесе за квалитетна содржина.
Работни обврски:
- Креирање содржини за CRNOBELO.com
- Проверување и потврдување на точност на информации и факти.
- Комплетно средување на содржините до објавување на истите.
- Постојано следење на светските трендови на сродните онлајн медиуми
Напомена: Позицијата е за полно работно време од 8-16 часот, понеделник-петок во нашите канцеларии во Скопје.
Потребни квалификации:
- Завршено ВСС (Новинарство, Филолошки и други сродни факултети се предност)
- Способност за пишување и уредување на квалитетни текстови, колумни, подготовка на интервјуа
- Беспрекорно познавање на македонски јазик и правопис
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на српски јазик
- Познавање на MS Office
- Aктивно користење на социјални медиуми
- Работно искуство поврзано со работното место ќе се смета за предност
- Искуство со Joomla ќе се смета за предност
- Искуство со алатки за уредување на фотографии ќе се смета за предност
- Посветеност и одговорност кон обврските
- Искуство со работа во тим
- Креативност и желба за личен развој.
Апликацијата треба да содржи:
- CV
- Мотивационо писмо
- Два текста со фотографии кои би ги користеле во склоп на истите, а кои сметате дека се соодветни како содржина за објава на CRNOBELO.com.
Текстовите треба да се подготвени наменски за оваа апликација.
Текстовите ќе се користат само како дел од апликацијата и нема да бидат публикувани.
Апликациите испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 15.01.2023 година.
Останати огласи »