Асистенти во ревизија и сметководство

За компанијата: Нашите ресурси се од светска класа, ние се фокусираме на исклучителна услуга и квалитет на нашиот тим. Ова се само некои од причините поради кои луѓето избираат да работат со БДО. Нашата цел е да развиеме... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ОГЛАС ЗА АСИСТЕНТИ ВО РЕВИЗИЈА И СМЕТКОВОДСТВО


БДО ДОО Скопје е трговско друштво основано во Република Северна Македонија со главна дејност ревизија, сметководство и даночен консалтинг, членка на BDO International Limited, компанија со седиште во Велика Британија, која претставува петта најголема ревизорска и консултантска мрежа во светот, со 1.728 канцеларии во 167 земји и вработува над 97.000 вработени ширум светот преку кои им помагаме на нашите клиенти во решавањето на комплексни деловни проблеми, како и во усовршувањето на нивните можности да креираат вредности, да се справат со ризиците и да го подобрат својот перформанс.

Доколку сте во потрага за започнување на вашата кариера во професионална компанија како БДО ДОО Скопје, ние ви нудиме пристап до најсовремените знаења и неограничени можности за напредок.

БДО има потреба од вработени на следните позиции:

  • Асистент ревизор во сектор Ревизија
  • Асистент сметководител во сектор Сметководство

Потребни квалификации:

  • Дипломирани економисти
  • Со или без претходно работно искуство.

Дополнителни квалификации:

  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel
  • Способност за работа во тим
  • Силни аналитички и организациски вештини
  • Умешност да се работи со голем обем на информации
  • Работа во куси временски рокови
  • Одговорна и лојална личност
  • Позитивен став
  • Способност за прилагодување кон брза и динамична работна средина.

Што ви нудиме:

  • Програма за прилагодување и вовед во работата
  • Можност за постојан личен и професионален развој
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
  • Одлична работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење
  • Развивање на вашите лични и деловни вештини преку работа на предизвикувачки проекти
  • Можност да бидете дел од петтата најголема светска ревизорска и консултантска мрежа.


Доколку сте заинтересирани, Ве молиме вашите апликации испратете ги:

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »