Финансиското Друштво ЕАЗУ ФАЈНАНС АД Скопје е небанкарска финансиска институција која обезбедува отворени услуги на своите клиенти. За краток временски период, компанијата се докажа како сигурен и чесен партнер кој придонесува за развој на секторот преку одговорност и професионализам.
Веруваме дека сите заслужуваат пристап до пари на пристоен начин.
ЕАЗУ ФАЈНАНС АД Скопје бара одговорна и амбициозна личност (машко) за позицијата:
Референт за теренска (и телефонска) наплата на долгови
Посетување и потврдување на валидноста на адресите на должниците.
Разговор со должниците со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот надвор од постапка за присилна наплата и согласно внатрешните политики, процедури и стратегија на Друштвото.
Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност
- Завршено средно образование;
- Познавање на работа со компјутери
- Пожелно, но не е неопходно претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција
- Возачка дозвола Б категорија
Останатото ние ќе те научиме
Ние нудиме супер работна атмосфера, фиксна плата + бонус, можност за напредување и развој на кариерата.
Работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на email: [најави се за да го видиш е-маилот]