
Меркур Трејд ДООЕЛ Битола e компанија со повеќе од 30 години искуство во дистрибуција на производи за домаќинство и хигиена, логистика и маркетинг. Во соработка со глобални партнери се грижиме за квалитетот на производите и потребите на пазарот, бидејќи наша примарна цел е задоволниот потрошувач.
Меркур Трејд ДООЕЛ Битола вработува СМЕТКОВОДИТЕЛ во сектор ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО во претставништво во Битола. Работниот однос ќе се заснова на определено време со можност за продолжување.
- Работно време 08:16 часот;
- Сабота, недела и државни празници неработни денови;
- Плата по договор;
- Флексибилност и пријатна работна атмосфера;
Одговорности и задачи:
- Извршува задачи од областа на материјалното и финансиското работење;
- Изработува домашни и девизни калкулации;
- Евидентира во финансово: изводи, влезни фактури (денарски и девизни);
- Ажурирање и проверка на излезни фактури;
- Сложување финансиски картици за купувачи и добавувачи;
- Пресметување плата за вработени;
- Учествува во подготовка на ДДВ пријави и Завршна сметка;
- Комуникација со банки;
Потребни квалификации:
- ССС - Економско / ВСС - Економски факултет (област сметководство, финансии и ревизија) или слична област;
- Претходно работно искуство на иста и сродна позиција минимум 3 години се смета за предност;
- Поседување на Лиценца за Овластен Сметководител се смета за предност;
- Познавање на Даночно Законодавство и Сметководствени Стандарди за Сметководствено работење;
- Одлично познавање на работа со компјутери;
Лични вештини и карактеристики:
- Одговорност и лојалност;
- Логичко размислување;
- Посветеност и навремено извршување на работните задачи;
- Подготвеност за тимска и индивидуална работа;
Сите заинтересирани кандидати, да го пратат своето CV на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Доколку сте селектирани од нашиот тим за регрутација ќе бидете контактирани за интервју.
Слични огласи »