- Објавен на 4.2019
- Вирлиос ДОО
- Активен до 07.04.2019
- Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
- Локација: Кавадарци
Се бара технички асистент, најчесто се работи со индустриска автоматика и електроника. Често се работи на терен во фабрики. Голема динамика на проекти речиси никогаш не се на ист тип автоматика 2 пати. Можности за учење на техники за изработка/проектирање на електроника и алгоритми. Работникот ке има пристап до сите технички ресурси и ке се поттикнува/очекува секојдневно да го надоградува знањето. Работното место најмногу одговара за лица со ентузијазам за електроника и природни науки. Дел од почетните обврски се администрирање на различни системи за далечинско мерење, општа техничка помош(ожичување, монтажа и сервис).
Почетната плата ке зависи од искуство и знаења.
Аплицирањето е преку e-mail: boris@virlios.net со назнака за апликација за работно место, CV е задолжително а пожелно е да се има и мотивационо писмо.
Искуство во областа е пожелно но не и потребно.
Задолжителни:
- Диплома од средно техничко училиште
- Возачка категорија Б
- Добро познавање на англиски јазик
Бонус:
- Диплома од технички факултет
- Било какво познавање од електроника, електрика или програмирање
- Познавање од механички склопови и системи
- Познавање од Windows и Linux оперативни системи
Слични огласи »