- Објавен на 8.2020
- Гевино Дооел Скопје
- Активен до 22.08.2020
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
Вработување на комерцијалист/дистрибутер во Гевино на пола работно време (20 часа неделно) можност за плата и над 20.000 денари
Гевино е компанија формирана во 2017 година чија главна дејност е производство и трговија со вино и која заради својот континуиран раст во продажбата и во имплементирањето на најновите производни стандарди, има потреба од комерцијалист/дистрибутер за реон Скопје на пола работно време (20 часа неделно).
Работни обврски:
- Редовна посета, правење и достава на нарачки и водење грижа за производите;
- Наплата на побарувања остварени од продажбата;
- Уредување на асортиманот по претходно дефинирани мерчендајзинг стандарди;
- Почитување и следење на предходно утврдениот рут план на посета;
- Активно следење, забележување и известување за тековната конкуренција;
- Превземање на одговорност за рационално поставување и користење на рекламниот материјал.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Возачка дозвола Б - категорија;
- Со или без работно искуство;
- Комерцијална ориентација;
- Фокус кон клиентите;
- Способности, вештини и лични квалитети;
- Развиени комуникациски вештини;
- Креативност;
- Натпреварувачки дух;
- Ентузијазам;
- Професионален однос кон работата;
- Одговорна и лојална личност;
- Самоиницијативност и посветеност.
Ние нудиме:
- Работно време 08-12 часот од понеделник до петок;
- Службен телефон и службено возило со 100% покриени трошоци за превоз од/до работно место;
- Вработување на неопределено време;
- 10.000 денари нето плата + 1% фиксен загарантиран процент од продажба + таргет бонус;
- Флексибилност во работата и почитување на сите законски норми, празници, регрес, платени годишни одмори;
- Пријатна работна атмосфера;
- Редовна плата и бонуси;
- Можност за напредување.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака, Комерцијалист/Дистрибутер најдоцна до: 22/08/2020.