ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје лого

Оперативен администратор/ка

За компанијата:

Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CО2, објавува оглас за следнава работна позиција:

ОПЕРАТИВЕН АДМИНИСТРАТОР 

Позицијата опфаќа административна и оперативна поддршка на секојдневните процеси, со фокус на документација, фактурирање и координација. Работата се одвива со ограничен број на постојани клиенти.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, а притоа сте организирана, динамична и одговорна личност и барате стабилност и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  • Средно образование со релевантно искуство (2–3 години) или високо образование (економија,
  • право, бизнис или сродно)
  • Искуство во администрација, фактурирање или логистика
  • Организираност, прецизност и одговорност
  •  Добри комуникациски вештини
  • Предност:
  • Искуство со царинска документација
  • Основно познавање на ISO стандарди
  • Задолжително напредно познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,( Word, Excel, Power Point)
  • Високо ниво на познавање на англиски јазик ( пишување и комуникација) и познавање на друг јазик ќе се смета за предност,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Способност за организирање на обврските според приоритетност и исполнување рокови.

Работни обврски и одговорности:

  • Подготовка и евиденција на договори и деловна документација
  • Издавање и следење на влезни и излезни фактури
  • Следење на доспеани побарувања и координација на наплата
  • Комуникација со постојни клиенти (административни и наплатни прашања)
  • Подготовка на царинска документација и испратници
  • Следење на нарачки и координација со дистрибуција, продажба и логистика
  • Подготовка и доставување документација до сметководство
  • Координација со надворешни институции и деловни партнери
  • Евиденција и следење на амбалажа
  • Административна поддршка и ажурирање на документација согласно ISO 9001
  • Основна административна поддршка во делот на човечки ресурси (пријави/одјави, одмори, патни налози)
  • Административна поддршка при различни оперативни процеси и постапки согласно потребите на компанијата.

Компанијата нуди:

  • Стабилна работна средина и долгорочна перспектива
  • Работа со јасно дефинирани процеси
  • Професионален и координиран тим
  • Конкурентна плата според искуство

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, (период на докажување на способности), со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, аплицирајте со испраќање на Ваша кратка биографија CV  на следната  email адреса: hr@geogas.mk

Имајте предвид дека  САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста  за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »