(преземи го огласот во Word)
Сакате да се изградите како професионалец за презентација и продажба на луксузни производи и престижни брендови? Да станете експерти во светот на часовници и накит, изучувајќи ги техничките карактеристики и дизајнот на светски препознатливи брендови како Omega, Breitling, TAG Heuer, Longines, Hamilton, Tissot, Calvin Klein, Swatch...
Ако е така, ова е вистинската можност за вас!
Поради проширување на нашиот бренд со нов продажен салон во Скопје во престижниот East Gate Mall, покрај салоните во City Mall и на Улица Македонија имаме потреба од асистенти за продажба со полно работно време. Во потрага сме по комуникативни, динамични и амбициозни девојки и момци кои ќе бидат првото лице на брендот и ќе ги запознаат потенцијалните клиенти со веќе препознатливата палетата на брендови за часовници и накит на “Божиновски” кој веќе 25 години е синоним квалитет и за успешно работење на нашиот пазар.
Ваша апликација со професионална биографија испратете ја најдоцна до 15.09.2021 год. на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Асистент за продажба – Скопје или Битола (зависно од градот во кој живеете)
Локација на продажни салони во Скопје: City Mall, East Gate Mall, Улица Македонија бр. 29, Широк Сокак бр.42.
Асистенти за продажба
Одговорности:
- Асистентот за продажба е одговорен навремено и континуирано да ги следи и да излегуваво пресрет на барањата и обврските на клиентите
-Да создаде пријатна атмосфера при прием и пристап кон клиенти
-Да препорача производи базирани на детално техничко знаење и преференции на клиентите
-Ефикасно да ги искористи техниките и обуките за да создаде и задржи задоволна и лојална база на клиенти
-Да ги научи техничките аспекти на колекцијата на часовници и накит како и нивните специфични карактеристики
-Да обезбедицелосно пакување на производот заедно со сите документи што се однесуваат на истиот
- Одговара за одржување на стандардите за изложување и визуелна презентација на производите во продажниот салон
-Одговара за уредно складирање и чување на залихите во продажниот салон
-Ефикасно оперира со касата и ги одржува сите финансиски трансакции
-Строго се придржува до политиките на компанијата
Квалификации:
-Минимум 2 години искуство во водење на интерактивна комуникација и односи со клиенти (искуство во продажба ќе се смета за предност)
-Одлична способност за ефективна усна и писмена комуникација
-Способност за ефективна работа и самостојно и како тимски играч
-Мотивирана личност управувана од остварување на резултати
-Високо организирана и одговорна личност со особено внимание на детали
-Достапност за работен распоред со полно работно време врз основа на деловните потреби и вклучително и втора смена, викенди и празници
Забелешка: Исклучително ќе се ценат кандидати со особена страст спрема продажбата кои поседуваат силна желба да учат за нашите престижни производи со амбиции да станат членови од суштинско значење за нашиот тим.