МАГАЦИОНЕР-Пикер

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер - Сервисер на фрижидери

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната работна

 

Позиција: МАГАЦИОНЕР-Пикер

Датум на објава: 13 Мај 2019

Рок за пријавување до: 20 Мај 2019

Број на оглас: О-М-М-190513-7

Сектор: Логистика

Локација: Скопје

Под супервизија на: Раководител на Логистика

 

Работни задачи:

  • Прием на роба со внесување по локации,
  • Утовар на роба во возила за достава,
  • Подготовка на нарачки,
  • Проверка на рокови и декларации,
  • Обработка на документација (повратници, задолжувања, раздолжувања,..)
  • Одржување на хигиена во магацин,
  • Спроведување на пописи на неделно ниво,
  • Возење на нарачки по потреба,
  • други работи по налог на претпоставениот

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование, 
  • Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,
  • Професионално однесување и организираност,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

 

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 18.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »