За компанијата: KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија.
KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи...
повеќе за компанијата »КАРИЕРА.мк е во потрага по Marketing Wizard!
На нашиот тим му недостасува креативец кој сака да има возбудливо работно време и ќе ужива во нашите маркетинг предизвици!
Работни задачи:
- Изнаоѓање на решенија, идеи и спроведување на маркетинг активности и нови начини на претставување на брендот пред јавноста
- Водење на outdoor и онлајн маркетинг кампањи со предвиден буџет во договор со тимот
- Креирање/дизајнирање на креативи за потребите на компанијата за различни намени во однос на моменталните потреби + изнаоѓање на надворешни соработници за реализација на назначени маркетинг проекти и иницијативи
- Помош во однос на организација на настани во организација на КАРИЕРА.мк, работлници, конференции, посети по факултети, промо настани на отворено, саеми и останато
- Помош при реализација на интервјуа/поткасти на КАРИЕРА.мк во претходно назначени проекти
- Маркетинг и промоција на МојаКАРИЕРА, HR Scanner, HR assistant и други алатки во сопственост на KARIERA.mk
- Создавање, пишување и постирање на содржини, дизајни и банери за рекламен простор
- Техничка поддршка во маркетинг проекти на КАРИЕРА.мк
Аплицирај на овој оглас доколку си:
- Комуникативен, посветен и креативен и имаш интерес за работа во маркетинг светот
- Самоиницијативен, позитивен и секогаш спремен за нови предизвици
- Имаш одлично познавање на македонски и англиски јазик
- Сакаш секојдневно да пробуваш најнови маркетинг начини за презентирање на нашиот бренд и да станеш дел од нашата успешна приказна
- Предност ќе имаат сите апликанти кои имаат познавање на маркетинг едноставни алатки како Canva, CapCutm, Meta advertising итн.
Работни бенефиции кои ги овозможуваме:
- Работно време од понеделник-петок во канцеларија и на теран од 8:00h - 16:00h со слободни викенди
- Сигурни, редовни и конкурентни месечни примања
- Позитивна работна атмосфера во млад тим
- Учење на нови маркетинг и аналитички алатки
- Работа со искусни професионалци
- Работа на портфолио на најголемите и најуспешни компании во државата
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат преку копчето АПЛИЦИРАЈ!