Сметководител

За компанијата: САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ е основана 1992 година. Специјализирана е за обезбедување интегрирани решенија за човековиот капитал во фирмите, како и за поддршка на нивниот организациски развој. Наша примарна... повеќе за компанијата »

Самеримпекс - Импулси  за свој клиент позната производствена компанија од Штип која на Македонскиот Пазар постои речиси 20 Години, со експоненцијален раст нуди вработување за сметководител со следните одговорности:

  • Книжење и контирање на сметководствена документација врзана за трансакции во земјата и во странство
  • Изготвување на план за плаќања кој гарантира ликвидност
  • Изготвување на пресметки за плати
  • Водење на сметководствена евиденција
  • Подготовка на извештаи за потребите на компанијата (за трошоци, парични текови, побарувања и обврски, инвестиции и сл.) и за државните институции, согласно законските прописи и барања
  • Ја контролира даночната евиденција
  • Учествува во изготвување на завршни сметки
  • Координација со сите клучни засегнати страни
  • Следење и примена на законска регулативи и сметководствени стандарди

 

Клучни барања:

  • Диплома од завршен Економски факултет, предност е насока сметководство, ревизија или финансии.
  • Поседување на активна лиценца за овластен сметководител.
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office, ERP системи) и сметководствен програм за книжење.
  • Познавање на законската регулатива и нејзино АКТИВНО СЛЕДЕЊЕ, задолжителни посети на семинари/обуки/запознавање со новините, измени и дополнувања на закони
  • Задолжително работно искуство најмалку 5 години како сметководител и сметководствено-финансиска оператива, подготовка на завршна сметка и сл.

 

Компанијата нуди:

  • Работа во млад тим
  • Работно време од 07:00-15:00 часот
  • Седиште: Штип
  • Плата: 30.000 денари, нето
  • Кариерен развој

 

Сите заинтересирани кандидати можат да ги испратат своите мотивациони писма и биографии на следната меил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »