Машински инженер

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – 1 извршител

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • Високо образование – Машински факултет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Со или без работно искуство

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Врши надзор при извршувањето на работните активности во секторот за  одржување – оддел машинско одржување на работните  машини  и опремата и постројките во ОЕ Експлоатација.

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Работи на одржување на работните машини и опремата во Областа.
  • Води евиденција и изготвува анализи и извештаи за активностите на одделот за машинско одржување на  машините  и опремата.
  • Изработува технички цртежи, скици и друга техничка документација потребна за изработка на  машински делови  и врши контрола при нивна изработка.
  • Води евиденција и доставува до секторите за производство извештаи за исправноста и расположивоста на  машините  и опремата.
  • Комуницира со секторите за производство при планирањето, координацијата и спроведувањето на  активностите на  одржување од аспект на  минимизирање на  застоите  на  производствената опрема.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место “МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати.Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »