Маркетинг Асистент во Скопје

За компанијата: Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. Првата... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје:

Продавач/ки во Кавадарци

ДППУ ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје е брзо растечка компанија која нуди можност за постојан развој и професионално усовршување на своите вработени. ТЕХНОМАРКЕТ  распишува оглас за вработување на Маркетинг Асистент во Скопје.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на маркетинг, комуникации, адвертајзинг
  • Претходно работно искуство во маркетинг
  • Одлично познавање на англискијазик (пишани говорен) и MS Office програмите
  • Искуство со менаџирање Социјални медиуми, ТВ и радио кампањи, менаџирање содржини,
  • Исклучителни вештини за пишување, интерперсонална комуникација
  • Возачка дозвола Б категорија

Опис на работни обврски:

  • Осмислува, развива и имплементира годишен маркетинг план за фирмата и дизајни за сите корпоративни материјали на фирмата;
  • Осмислува креативни решенија и рекламни кампањи за печатени, ТВ, радио и интернет медиуми;
  • Го испитува пазарот за потреби од понуда на нови услуги и континуирано следење на конкуренцијата;
  • Се грижи за редовно одржување контакти со коминтентите и јавноста за информирање и формирање позитивна слика;
  • Подготвува  материјали за маркетинг настапи и ги организира истите;
  • Подготвува сценарија за снимање на рекламни спотови;
  • Врши промоција на нови пакети услуги и опрема;
  • Активно учество во креирање на нови маркетиншки активности и кампањи;
  • Реализира различни активности за промоција на услуги;
  • Планира и управува со активностите на социјалните мрежи како ФБ, Инстаграм и официалната Веб Страна и постојана комуникација на социјалните мрежи;
  • Управува со електронскиот и печатениот маркетинг

Што нудиме:

  • Работа 40 часа неделно;
  • Редовни месечни примања и додатоци согласно Закон и бонуси за успешно работење,
  • Обуки и напредок во кариерата
  • Изборот ќе се врши во рок од 45/90/120 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја вашата кратка биографија на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: Оглас за Маркетинг Асистент во Техномаркет Македонија дооел Скопје.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »