
За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки...
повеќе за компанијата »Флекс Кредит како финансиско друштво е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија од неодамна и во Северна Македонија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец .
Поради брзиот раст на компанијата на територијата на Северна Македонија, во моментов имаме потреба нов член во нашиот тим на позиција Сметководител.
Идеалниот кандидат ќе биде професионален со високо-аналитички способности и ќе поседува одлични вештини за писмена и вербална комуникација.
Работни задачи:
- Книжење на влезни и излезни фактури, банкарски изводи, периодични финансиски извештаи;
- Подготовка на компензации, цесии,
- Конфирмации на салда и сложување на аналитички картици со добавувачи;
- Активно следење и познавање на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството;
- Комуникација со сите релевантни државни институции.
- Изработува и доставува извештаи и поднесоци до надлежните институции
- Подготовка на плата и бонуси
- Водење евиденција на благајна
- E-Банкарство
Услови од компанијата:
- Атрактивна плата плус годишен бонус според политиката на компанијата
- Можност за професионален развој и напредување
- Дополнителна обука и тренинг
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Потребни квалификации:
- Високо образование-Економски факултет;
- Претходно работно искуство од минимум 3 години на иста позиција (предност ќе имаат кандидатите со претходно искуство во финансиско друштво/институција)
- Познавање од изготвување на завршни сметки ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на работа со компјутер MS Office- пакет
- Задолжителен англиски јазик
- Одлични аналитички способности
- Уредна, одговорна и лојална личност
Услови од компанијата:
- Можност за професионален развој и напредување
- Можност за дополнителна обука и тренинг
- Работа во динамична средина во брзорастечка компанија
Аплицирањето може да го направите на самиот оглас со притискање на копчето АПЛИЦИРАЈ или испратете го вашето CV на email [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака СМЕТКОВОДИТЕЛ
Слични огласи »