Надзорен инженер на градилиште

За компанијата: Фортон е врвна консултантска глобална компанија. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Опис на работна позиција

 

  Позиција: Претставник на инвеститор на градилиште

 

ФОРТОНМКА ИНВЕСТ е градежна компанија инвеститор на резиденцијален комплекс МавровО₂ Резиденс во Маврово (www.mavrovo2.mk) за чии потреби отвара нова работна позиција Претставник на инвеститор на градилиште со доленаведените спецификации.

 

Базични информации:

  • Времетраење на договорот: 12 месеци (со можност за продолжување)
  • Работата ќе се изведува на градилиште во Маврово од понеделник до сабота
  • Компанијата ќе обезбеди надомест за патни трошоци или сместување во Маврово.

 

Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:

  • Образование: пожелно е кандидатот да поседува ВСС, да е дипломиран градежен инженер, дипломиран инженер архитект или сл.
  • Искуство: Базично познавање на градежни активности и функционирање на градилиште
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Одлично познавање на работа со компјутери и MS Officе, Microsoft Project, Auto CAD
  • Познавање на локалната градежна индустрија – производители, добавувачи, изведувачи

 

Работни задачи:

  • Изработка и спроведување на динамичен план на изведба
  • Координирање на подизведувачи
  • Достава и спроведување на цртежи за изведба
  • Контрола на градежни книги и градежни дневници
  • Контрола на Времени ситуации
  • Контрола на планот за работа на изведувачот
  • Изготвување/ревизија на технички решенија
  • Нарачки на материјали

 

Личен профил:

  • Искусна и мотивирана личност
  • Одлични комуникациски способности
  • Иницијативност, темелност, енергичност и позитивен став
  • Способност за работа индивидуално и работа во тим
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Подготвеност за теренско работење

 

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV на македонски или англиски јазик)

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата:

 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »