Фризер/ка

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Emloyment Services International објавува оглас за потребите на свој реномиран клиент, салон за убавина кој се наоѓа на атрактивна локација. Салонот ги нуди следните услуги: фризерски, козметичарски, маникир-педикир, антицелулитни масажи, мадеро терапија, масажа на тело, освежителни третмани за лице, надградба на коса, уредување на веѓи. 
Огласот е наменет за регрутирање и вработување на:
ФРИЗЕР/КА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Потстрижување, миење, бојадисување и кадросување на коса;
  • Козметичко третирање на коса;
  • Миење на коса и фенирање;
  • Чистење и нанесување на креми, лосиони и слични производи за коса;
  • Масирање на коса и третман на скалп;
  • Вршење на сродни задачи.

БАРАМЕ:

  • Задолжително поседување на минимум 3 годишно работно искуство во областа на фризерството;
  • Диплома за завршено образование од оваа област;
  • Познавање на најмодерните техники во оваа област;
  • Познавање на англискиот јазик;
  • Способност за тимска работа;
  • Развиени комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Професионален и одговорен пристап кон работењето.

НУДИМЕ:

  • 40 часовна работна недела, со два слободни работни дена во неделата;
  • Вработување на неопределено време;
  • Работа во две смени;
  • Можност за посета на најразлични семинари и обуки;
  • Почетна плата: по договор со кандидатот врз основа на квалификациите и претходното работно искуство.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »