Оператор во Магацин

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај наш реномиран клиент кој се занимава со производство на катализатори за автомобилска индустрија потребни се:

 

Оператори во магацин (Скопје, Велес, Куманово)

 

ЗАДАЧИ:

  • Навремена и сигурна дистрибуција на роба за внатрешни и надворешни клиенти на фабриката
  • Одржување на залихите во надворешниот складишен простор и хемиската зграда
  • Постојана грижа дека материјалите се во можност да одговорат на барањата на работните процеси во фабриката
  • Детално чување на податоци и организирање на залиха на материјали по логичен распоред
  • Помош при утовар и истовар на камиони поврзани со материјали кои се наоѓаат во надворешен складишен простор и хемиската зграда
  • Следење на правилата и процедурите за безбедност и здравје при работа во фабриката
  • Други работни задачи согласно описот на работното место.

 

 

БАРАМЕ:

  • Минимум средно образование
  • Валидна лиценца за возење на палетар и моторно возило (задолжително претходно извадена од релевантна институција)
  • Соодветно работно искуство со магацинско работење минимум 2-3 години, идеално во автомобилска или производствена средина, вклучително утоварање и истоварање на роба
  • Искуство во користење на компјутеризиран инвентарен контролен систем
  • Способност и искуство за работење под притисок и во куси временски рокови
  • Свесност за правилата и регулативите за здравје и безбедност при работа
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office (Word, Excel).

 

 

НУДИМЕ:

  • Солидна плата со надоместоци над законски предвидените износи;
  • Обезбедена храна и превоз од Скопје, Куманово и Велес;
  • Колективно осигурување од незгода 24/7;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Попусти и бенефиции во мрежата на трговци соработници;
  • SportMaster членство;
  • Исплата на бонуси (исполнети таргети) и систем на признанија (Say Thanks program);
  • Можности за посета на обуки и личен професионален развој

 

 

 

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на  [најави се за да го видиш е-маилот]  и наведете ја позицијата за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] www.esi.mk

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »