Отворен повик за ангажман на Асистент за градење капацитет
Омниум коучинг и тренинг, како партнер на Општина Аеродром и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“, почнувајќи од 1 јануари 2022, започнаа со спроведување на проектот ,,Чист Аеродром – Нула цврст отпад во општина Аеродром“. „Чист Аеродром“ е ко-финансиран од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Општина Аеродром. „Чист Аеродром“ ќе овозможи примарна селекција и отстранување на цврстиот отпад, подобрување со неговото управување како и промоција на рециклирањето, реупотребата, намалувањето на отпадот како и јакнење на свеста за зелените практики кај граѓаните и компаниите. Проектот се спроведува во временски период од 1 јануари 2022 до 31 декември 2024 година. За имплементација на овој Проект, Омниум коучинг и тренинг има потреба од мотивиран/а и професионалец/ка за позицијата:
Асистент за градење капацитет
Асистентот за градење капацитет ќе биде ангажиран на 50% од работно време за:
- Координација на активности за градење капацитет на Општина Аеродром за новиот модел за управување со цврст отпад во општина Аеродром;
- Поддршка на Општина Аеродром во ревидирање на систематизација и организациска структура со цел подобрување на управувањето со отпад;
- Комуникација со експерти, општини и јавни претпријатија од ЕУ и македонски општини за размена на знаење од управување со цврстиот отпад;
- Подготовка и доставување на наративни и финансиски планови и извештаи според потребите на Проектот, како и спроведување на проектните набавки;
- Организирање на форуми за јавно – приватно партнерство;
- Организирање на проектни состаноци, како и внатрешно набљудување и оценување на проектот, и советување на партнерите;
- Подготовка на информации за интернет страницата www.cleanairdrom.org.
Барано искуство:
- Минимум 3 години искуство во поддршка за јавни институции/приватен сектор/граѓански организации во делот на градење капацитет;
- Високо образование од областа на економија, менаџмент или други сродни области;
- Одлично и активно познавање на англискиот јазик (пишуван и говорен);
- Добро познавање на програмите MS Word, Excel, Power Point;
- Вештини за фасилитирање со различни сектори и групи;
- Одговорност, флексибилност, како и можност за работа во тим и самостојно.
Наведеното лице ќе го врши својот ангажман во период од 36 месеци (01.01.2022 г. до 31.12.2024 г.), со пола работно време (50%), преку договор на дело. Бруто месечниот надоместок изнесува (50% работно време) 30,845 денари.
Поднесување апликација
Рок за доставување на апликација за позицијата е 25 јануари 2022 година, до 16:00, на следнава електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Апликација за Асистент за градење капацитет за „Чист Аеродром“.
Содржина на апликација
CV на англиски јазик, истакнувајќи ја експертизата поврзана со огласот