
Плата од 40.000 ден. до 45.000 ден.
Crisp - Куманово бара организирана, одговорна и професионална личност која ќе раководи со административните процеси на компанијата и ќе обезбеди усогласеност со важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
Главни одговорности:
- Управување со целокупната административна документација на компанијата;
- Следење и организација на сите плаќања, обврски и рокови за плаќање;
- Координација со надворешно сметководство и следење на финансиската документација;
- Подготовка и контрола на финансиски извештаи, анализи и буџети;
- Следење на динамиката на плаќања, трошоци и финансиски текови на компанијата;
- Пресметка и контрола на работни часови, плати и надоместоци на вработените;
- Водење на кадровска администрација (HR):
- Подготовка и објава на огласи за вработување;
- Организација и координација на интервјуа;
- Подготовка на договори за вработување;
- Координација на униформи и евиденција на вработени;
- Следење на сите законски обврски поврзани со угостителската дејност;
- Координација со:
- Агенција за храна и ветеринарство (АХВ);
- Управата за јавни приходи (УЈП);
- Државен пазарен инспекторат;
- Државен инспекторат за труд;
- Општински служби и други надлежни институции;
- Следење и обновување на сите дозволи, лиценци и решенија потребни за работењето на ресторанот;
- Следење на нормативи, процедури и законски измени поврзани со угостителството;
- Управување со договори и комуникација со добавувачи и деловни партнери;
- Следење на осигурителни полиси и нивно навремено обновување;
- Следење на документација поврзана со:
- Противпожарна заштита (ПП заштита);
- ДДД услуги (дезинфекција, дезинсекција и дератизација);
- Контрола и евиденција на влез и излез на стоки (Yard Operations / Warehouse Administration);
- Активно користење на Microsoft Office пакетот (Excel, Word, Outlook, PowerPoint);
- Учество во имплементација и работа со ERP системи во иднина;
- Поддршка на менаџментот во административни, финансиски и организациски процеси;
- Подготовка на редовни извештаи за работењето на компанијата и предлози за подобрување на ефикасноста.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование;
- Искуство во администрација, финансии, правни или корпоративни процеси;
- Одлични организациски и комуникациски способности;
- Познавање на Microsoft Office;
- Одговорност, доверливост и внимание на детали.
Ќе се смета за предност:
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција во угостителскиот сектор (ресторани, брза храна или други угостителски објекти);
- Познавање на административните и оперативните процеси во угостителската индустрија;
- Искуство во работа со повеќе деловни единици или локации.
Нудиме стабилна работна средина, можност за професионален развој и работа во амбициозен и динамичен тим.
Слични огласи »