Сметководител

За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира... повеќе за компанијата »

HILL Skopje за нашиот клиент Teknoxgroup, бара самостојна, организирана и аналитична личност за позицијата Сметководител.

Нашиот клиент Teknoxgroup е успешна и реномирана глобална компанија од областа на градежната и машинската индустрија и e овластен дилер на Caterpillar и на Hartl - дробилки и просејувачи во регионот и пошироко. За потребите на нивниот тим во Скопје, бараме                                                             

                                                                                   СМЕТКОВОДИТЕЛ

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Да води општа сметководствена евиденција на компанијата од книжење до затворање на книгите и  изготвување пробен биланс;
  • Да води евиденција на влезни и излезни фактури, во согласност со основната даночна обврска на земјата, со исклучок на поднесување даночна пријава до властите и периодични финансиски извештаи кон пријавата за ДДВ;
  • Да ги проследува наплатите на побарувањата и плаќањата на добавувачите;
  • Да му помага на надворешниот советник околу даночните прашања на даночната единица;
  • Да му помага на надворешниот советник за сметководствени работи во однос со персоналот /рекапитулари за плата;
  • Да води управувачко сметководство со вршење едноставни контролни активности – да доставува извештаи за остварена добивка и загуба до седиштето на компанијата;
  • Да го подготвува пакетот извештаи за TESYA.

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Големо искуство во струката, лиценца за овластен сметководител – пожелно;
  • 4-5-годишно искуство во областа на сметководството: способност за книжење и затворање на книгите на компанијата и изготвување пробен биланс. Искуство стекнато, по можност, во овластена сметководствена служба или компанија што припаѓа во деловниот сегмент на Текноксгруп Македонија;
  • Добро познавање на говорен и пишан англиски јазик;
  • Одлично познавање на Excel и Outlook;
  • Искуство со софтвер за претпријатија и планирање на ресурсите (ERP) / сметководствен софтвер (пожелно Navision).

Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 25.05.2021, со назнака за позицијата.

                                                                E - mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

                                                                                          www.hill.mk

                                                             Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје

                                                                                 тел/факс: 02/3296-481

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »