Техничар за поддршка и сервис на техничка опрема

За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 3 дена
  • Mellon Solutions
  • Активен до 30.11.2021
  • Позиција: Електро/машински техничар
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Mellon Solutions:

Агенти за продажба на терен - IT Engineer

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

Мелон Солушнс Дооел, членка на Mellon Group, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:

Техничар за поддршка и сервис на техничка опрема

[реф. бр. 2021-026]

Профил на работната позиција:

  • Обезбедување на техничка поддршка за клиенти на Мелон Солушнс Дооел (банкомати, пос-терминали, системи за ред на чекање итн.);
  • Делување како посредник помеѓу крајните корисници и Мелон;
  • Следење на оперативноста и функционалноста на производите;
  • Пријавување и ескалирање на технички проблеми поврзани со производите.

Профил на кандидатот:

  • Минимум средно образование (електротехника, информатика или сродна струка);
  • Основно познавање од областа на IT технологија (хардверски компоненти, оперативни системи и компјутерски мрежи);
  • Искуство со инсталација и сервис на принтери, скенери, фотокопири ќе се смета за предност;
  • Основно познавање од областа на електрониката и ниска струја;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Добро познавање на англиски јазик - пишан и говорен;
  • Комуникативна и амбициозна личност со желба за усовршување;
  • Способност за тимска работа;
  • Важечка возачка дозвола Б категорија (работната позиција вклучува чести патувања на територија на РСМ).

Услови:

  • Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи.
  • Компанијата го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellongroup.com  најдоцна пет дена од објавувањето на огласот.

Мелон Солушнс Дооел

ул. Франклин Рузвелт бр.19,

1000 Скопје

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.