Референт за теренска наплата на долгови

За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање... повеќе за компанијата »

Финансиското Друштво ЕАЗУ ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која обезбедува отворени услуги на своите клиенти. За краток временски период, компанијата се докажа како сигурен и чесен партнер кој придонесува за развој на секторот преку одговорност и професионализам.
Веруваме дека сите заслужуваат пристап до пари на пристоен начин.

ЕАЗУ ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје бара одговорна и амбициозна личност за позицијата:

Референт за теренска наплата на долгови

Посетување и потврдување на валидноста на адресите на должниците.
Разговор со должниците со цел да се најде заедничко решение за плаќање на долгот надвор од постапка за присилна наплата и согласно внатрешните политики, процедури и стратегија на Друштвото.

Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност
• Завршено средно образование;
• Познавање и работа со компјутери;
• Пожелно, но не  е неопходно претходното искуство во наплата на достасани побарувања во кредитна/финансиска институција 
• Возачка дозвола Б категорија (користење на сопствен автомобил при вршење на работата ќе се
смета во предност)

 

Ние нудиме супер работна атмосфера, фиксна плата + бонус, можност за напредување и развој на кариерата.


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на email: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »