Кројач

Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.200 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.

Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од  работници на позицијата:

 

КРОЈАЧ

Должности и одговорности:

  • Рачно сечење на навлаките и единечните делови за додатоци на седиштата
  • Подготовка на шаблони за сечење со дополнителен додаток на рабовите и точките за означување на рабовите.        


Барања и квалификации:

  • Работно искуство на случна позиција
  • Искуство во шиење за тапациран мебел или конфекциска индустрија
  • Познавање на различни материјали (рамни ткаенини и мокет) винил и кожни материјали
  • Искуство со ЦНЦ-кроење на системи како што се Bullmer (Optitex)
  • Претходно работно искуство како шивач, тапацер ќе е смета за предност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Способност за работа во тим


Загарантирани работни услови:

  • Организиран превоз
  • Лична заштитна опрема
  • Редовна плата
  • Дневни оброци
  • Загарантирани права според Законот за работни односи
     


Доколку оваа позиција ви изгледа ипривлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратите вашето резиме/ CV на: hr@kiel-sitze.mk со назнака „Кројач“.

Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.

Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид.

Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.

КЛИКНИ