
КАРИЕРА ВО ТРГОВИЈА
Компанија Велкоски ДОО има потреба од комерцијалист за градежни материјали :
Компанија Велкоски ДОО е основана во 1991 година и е успешно присутна повеќе од 35 години како една од водечките компании во сегментот на материјали за завршни работи во градежништвото. Во моментов главната активност на нашата компанија е трговија со производи, советување и изработување на проекти за уредување на станбени и деловни простори. Целта на нашата деловна стратегија е постигнување на раст и развој со континуирано зголемување на нашето пазарно учество. Компанија Велкоски нуди одлични работни услови со можност за наградување и бонуси, како и можност за посета на обуки за професионална надоградба.
ПОЗИЦИЈА: Комерцијален продажен менаџер за градежни материјали реон: Скопје/Тетово/Гостивар
Опис на работни обврски:
- Секојдневна посета на постојани и потенцијални клиенти;
- Развој и одржување на продажната мрежа;
- Градење и одржување на професионален однос со клиентите;
- Презентација на целиот асортиман на производи пред потенцијални и постојани клиенти;
- Подготовка на дневни и неделни извештаи за работењето;
- Посета на коминтенти;
Потребни квалификации:
- Минимум завршено
- Средно Образование;
- Пожелно е минимум две години работно искуство на иста или слична позиција;
- Валидна возачка дозвола, Б категорија;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на Англиски јазик;
Лични карактеристики:
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Посветеност, лојалност и професионалност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Динамичност, флексибилност и насоченост кон резултати
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју
Слични огласи »