Асистент во сектор финансии

За компанијата: Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко! повеќе за компанијата »

KFC е еден од најголемите светски ланци за храна, има франшиза на повеќе од 22.000 продажни места во околу 130 земји. Рестораните го нудат заштитниот знак на полковникот-пржено пилешко.

Првиот ресторан во Македонија е отворен во 2018, во моментов имаме 5 ресторани и повеќе од 130 вработени. Наскоро ќе се отворат уште неколку ресторани па затоа сме во потрага по квалификувани кандидати кои ќе сакаат да ја споделуваат нашата визија, вредности и посветеност. Кандидати со неверојатни идеи кои се секогаш насмеани.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворенa позициja за Вас.

KFC Македонија вработува: Асистент во сектор финансии

Задачи и одговорности

  • Координација и евиденција на финансиска документација,
  • Евиденција на приходи, расходи и други трансакции во софтвер,
  • Подготовка на финансиски извештаи за побарувања и обврски,
  • Одржување на сметководствениот систем според даночното законодавство и сметководствените принципи,
  • Подготовка на декларација за ДДВ, даноци и други законски обврски во роковите утврдени со закон,
  • Следење на банкарските сметки,
  • Водење материјално сметководство,
  • Водење евиденција за трансфер на суровини, влезови во магацин и ресторани,
  • Водење евиденција на залихи и пописи,
  • Заверка на фактури и архивирање,
  • Водење благајна,
  • Водење евиденција за магацинот,
  • Соработка и координација со надворешни соработници,
  • Други работни задачи по налог на одговорниот во секторот за финансии,

Што очекуваме?

  • Високо образование, Економски факултет,
  • Минимум 1 година работно искуство во соодветната област,
  • Одлично познавање на Excel - Advanced Excel,
  • Одлични комуникациски вештини,
  • Проактивност и способност за работа под притисок.

Што Ви нудиме?

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија,
  • Динамична работна средина,
  • Можност за кариерен раст и развој,
  • Дневен бесплатен оброк и попуст од 20% на сите производи од компанијата.

Како да аплицирате?

Ве молиме испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов на пораката: „Асистент во сектор финансии“, најдоцна до 01.06.2022

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »