Финансиско друштво ФИНМАК ДОО е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Експерт за кредитирање во филијала Куманово
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
- Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
- Анализа на ризик и одобрување на кредити
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата
- Работа со готовина
- На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален супервизор.
Профил на кандидат:
- Вештини за преговарање и убедување
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Флексибилност за работа од понеделник до сабота
- Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.