CNC оператор (глодалка/струг)

Плата од 25.000 ден.

За компанијата: Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги. Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали... повеќе за компанијата »

Должности и работни задачи
1. Познавање/читање на работилнички цртеж за машински делови и следење на техничко пропратни инструкции и документација
2. Штелување и оперирање со CNC машина (глодалка или струг) за делови во сериско и поединечно производство според претходно изготвен NC програм. Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела и/или стегачки направи и позиционирање на координатниот почеток (нулирање) на парчето
3. Следење на процесот при работа со машината. Контрола на деловите со мерна опрема и уредно водење на записи за мерките на деловите. Задавање на корекции на алатите
4. Превентивно одржување и проверки на машините. Редовно одржување на чист, организиран и безбеден работен простор
5. Браварска работа на машински делови. Основно познавање на работа со рачен алат и мануелни машини

Квалификација (степен и вид на образование)
- Средна стручна подготовка (во областа на машинството)

Што нудиме:
- Интерна обука
- Работа во една смена
- Колективен годишен одмор
- Прекувремена платена работа
- Почетна плата: + 25,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
- Кандидатите со минимално искуство во работата од 2 години  ќе имаат предност пред останатите + можност за напредување!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »