Дадилка - Аеродром

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Бараме ДАДИЛКИ кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме дадилки со амбиција и желба да ни се придружат во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија Бејбиситинг Сервис, основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата во домот на семејството. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со којшто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерното и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите. Возраста на детето, начинот на исхрана, омилените активности или посебните потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.

За потребите на нашите клиенти објавуваме оглас за вработување на

ДАДИЛКА – негувателка на две деца во домот на семејство во Аеродром

Возраст на децата: 3 години, 7 години.Работно време: 12:00 – 18:00 часот, за време на летниот и зимскиот распуст работното време на дадилката ќе биде: 09:00 – 17:00 часот. Работното време е флексибилно и во договор со семејство но се смета како полно работно време.

Работни денови: понеделник – петок

Плата: По договор

Клучни одговорности на дадилката:

  • Преземање на децата од градинка ( помалото) и од школо (поголемото)

  • Подготовка на оброци за двете деца

  • Помош на децата околу лична и општа хигиена

  • Носење и/или преземање на децата на дополнителни активности

  • Организирање на денот

  • Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на децата

  • Учење на навики, однесување и општа култура

  • Читање на книги

  • Помош околу домашни задачи

  • Прошетки во парк

  • Одржување на детска соба и простор за играње

  • Грижа за играчки и детски алишта

Квалификации и вештини:

  • Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)

  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач

  • Одлични комуникациски вештини

  • Препораки од претходни работодавачи

  • Минимум 2 години претходно искуство како негувателка (во градинка или домот на семејство)

  • Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување

  • Познавање на странски јазик ќе се смета за предност

Нудиме:

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 27 април 2018 година на некоја од следните емаил адреси: [најави се за да го видиш е-маилот] или [најави се за да го видиш е-маилот] . и задолжително наведете го бројот на огласот за кој аплицирате: Пример: Аеродром 001

*Бројот на огласот стои веднаш до насловот на секој оглас.

Само кандидати чии вештини и квалификации одговараат на потребите на семејство ќе бидат повикани на интервју. Биографии и апликации доставени по наведениот рок нема да бидат земени превид.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

Повеќе информации и на : www.babysittingmk.com

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »