Плата од 35.000 ден. до 40.000 ден.
Конкурс за ангажирање менаџер/-ка (координатор/-ка за Младински центар „Сакам да знам”, Шуто Оризари
ХЕРА објавува јавен оглас за хонорарно ангажирање на менаџер/-ка (координатор/-ка за Младински центар „Сакам да знам”, Шуто Оризари во Скопје, на определено време.
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Менаџерот/-рката (Координаторот/-ката) ќе биде одговорен/-на за:
- Oрганизирање на активностите, едукациите и сервисите во рамки на Младинскиот центар „Сакам да знам” – Шуто Оризари.
- Теренска работа за промоција на здрави навики и сервисите во младинскиoт центар, информирање и едуцирање на Ромското население, правење на проценка на потреби за сервиси и упатување, пред се за младите и жените, остварување на социјални и здравствени права и заштита од дискриминација и насилство.
- Поднесува месечни извештаи за активностите услугите и клиентите, во младинскиот центар до проект координаторот за младински пријателски сервиси, вклучувајќи ги и маргинализираните групи;
- Спроведува анкети за задоволство на клиенти;
- Го организира распоредот на давателите на услуги.
- Соработува со граѓански организации, училишта и/ или социјални институции на територија на Град Скопје кои имаат потреба од услугите во младинскиот центар.
- Прави промоција на сервисите на социјални медиуми и контактира со лица од заедницата, со цел максимално искористување на сервисите од заедницата и лицата кои имаат потреба од истите;
- Ги внесува формуларите од клиентите во веб Дата база на ХЕРА за сервиси, прави дневни евиденции за извршени прегледи и советувања од страна на давателите на услуги и укажува на редовно нивно пополнување.
Работниот ангажман е во период август – октомври 2023, со седум часовно работно време, со можност за продолжување и вработување до крај на 2023 и во 2024 на определено време.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование;
- Најмалку едногодишно работно искуство во раководење на проекти;
- Изградени вештини за информатичка технологија;
- Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со млади и маргинализирани групи.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
За предност ќе се смета:
- Диплома од областа на социјална работа и политика и/или психологија
- Претходна соработка и вклученост во иницијативи и активности за млади со младински организации и училишта
- Искуство во теренска социјална работа
- Искуство во работа со Роми
Најдоцна до 03 август 2023 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик
- писмо за мотивација на македонски јазик
- потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство
Работниот ангажман се однесува за период од 5 месеци со полно работно време од 35 работни часови неделно. Предвидената плата во БРУТО износ изнесува 37.500 денари.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/-ка за млади треба да се испратат на следната електронската адреса [најави се за да го видиш е-маилот]