Национална федерација на фармери лого

Оглас за Кофацилитатор ( теренски координатор)

(преземи го огласот како PDF)

Датум 10.08.2022

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на кофацилитатор во рамките на имплементација на планирани активности во проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемен приход (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.  

Ангажманот на кофацилитаторот е 100 % ангажираност, полно работно време, од 01.09.2022 до 31.12.2022.  Овластувањата, обврските, одговорностите и условите за аплицирање се наведени во Terms of references (на англиски јазик) во самиот Јавен повик/ оглас за ангажирање на кофацилитатор.

Улоги и одговорности на кофацилитаторот

• Подготовка, организација и спроведување на сите теренски активности во координација со Организацискиот координатор /Проектен менаџер;

• Идентификација на потребите, предизвиците, потенцијалите и силните страни на специфичните потреби на земјоделскиот сектор, по различни производни групи и вид на организација на производители;

• Комуникација со засегнатите страни на локално ниво на барање на Организацискиот координатор/Проект менаџер на P9408 во однос на имплементацијата на проектот;

• Собирање на конкретни информации, податоци преку различни методологии за истражување предложени од терен во однос на потребите на проектот;

• Работа со најсиромашните и најмаргинализираните групи вклучувајќи жени, млади и лица со попреченост во руралните области;

• Целосна свесност за концептот на родова еднаквост и неговите практични алатки во спроведувањето на активностите;

• Патување до потребните области за спроведување на теренските активности;

• Логистичка организација, координација, евалуација на активностите на терен;

• Администрирање на документацијата како што се: список на учесници, подготовка на кратки извештаи;

• Учество на обуките и работилниците предвидени за имплементација на проектот;

• Обезбедување на друга техничка поддршка на барање на Организацискиот координатор/Проектен менаџер на P9408 и Извршниот директор;

• Строго придржување и усогласеност со политиките и процедурите на НФФ;

Образование и квалификации:

• Диплома за земјоделски науки, економски или општествени науки

• Професионално работно познавање на програми Microsoft  Word, Excel и други програми за работа

• Високо ниво на внимание на детали и точност

• Искуство при теренска посета

• Аналитички и комуникациски вештини, вештини за пишување на извештаи

• Доследност во почитувањето на интегритетот и етиката

• Тимски играч и олеснување на тимската работа

• Ефективни комуникации и интерперсонални вештини

• Доследно пристапува кон работата со енергија и позитивен став

• Одговара позитивно на критичките повратни информации и на различните гледишта

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат:

- CV (биографија)

- понуда за плата  

- потпишана декларација за непостоење на конфликт на интерес (која е дел од повикот)

Декларацијата може да ја преземете на линкот https://nff.org.mk/2022/08/10/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-7-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%84%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%80/

 Сите документи да ги испратат на две e-mail истовремено:  [најави се за да го видиш е-маилот]   и  [најави се за да го видиш е-маилот]   најдоцна до 17.08.2022 со назнака: „za aplikacija cofacilitator”.

Некомплетните апликации и апликации пристигнати по рокот нема да бидат разгледувани и предмет на евалуација.

 

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »