First level application support (Самостоен стручен соработник за поддршка на апликативни решенија)

За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.

Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

Работното место е со флексибилно работно време и можност за хибриден модел на работа.

 

ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Обезбедување на прво ниво на корисничка поддршка – анализа на проблеми, решавање на кориснички барања;
  • Обработка на барања на корисниците: техничка поддршка за апликативни системи, отворање кориснички сметки за пристап до апликативните системи и ажурирање на правата за пристап на постоечките корисници;
  • Координација и соработка со надворешни добавувачи на апликативна програмска опрема, контрола и следење реализацијата на нивните задачи и исполнување на договорните обврски;
  • Соработка во преносот на знаење и примената на упатства во врска со користењето на апликативната програмска опрема од страна на крајните корисници
  • Подготовка на документација и упатства за корисниците.

 

МЕСТО НА РАБОТА:

Седиштето на Друштвото

 

БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока;
  • Анализа и документирање на потребите на корисници;
  • Управување со промени на договорени барања со рок и содржина;
  • Координирање на проектни активности;
  • Познавање на Т-SQL.

Природата на работното место и на работните задачи подразбира работа во интернационален тим, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.

 

ВИД НА РАБОТЕН ОДНОС:

Работниот однос се заснова на определено време, со полно работно време.

 

Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000004p6c9

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »