Комерцијалист-магационер

  • Објавен на 12.2018
  • ДЕКСИКО ДООЕЛ
  • Активен до 20.12.2018
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

КОМЕРЦИЈАЛИСТ - МАГАЦИОНЕР во магацин за детски играчки

Ако сте комуникативна личност која има желба (пожелно и искуство) да работи во продажба, Ве одликува иницијативност во работата, би Ви годело ако самиот си го организирате времето (во соработка со колегите), знаете да возите комбе (со Б-категорија), имате познавање на градовите во Македонија, не Ви смета физичка работа во магацин, познавате работа со компјутери, знаете да комуницирате преку e-mail со цел да праќате и примате понуди, сакате работата да Ви овозможи да заработите повеќе зависно од остварените резултати, тогаш оваа работна позиција е за Вас!

Работни обврски:

  • посета на купувачи со цел договарање на продажба, примање на нарачки преку презентација на електронски каталог на таблет или лаптоп,
  • опфаќање на нарачките во програм, фактурирање и спремање документација за пат
  • спремање на нарачките, пакување, утоварање во комбе или пикап возило,
  • испорака на нарачките до купувачите или нивно испраќање по курирска пошта
  • прием на трговска стока, истовар и редење во магацинот
  • одржување на магацинот во уредна состојба
  • услужување на купувачи
  • одржување редовни контакти со постојаните купувачи на фирмата со цел да се одржат добри релации и да се оствари продажба,
  • пронаоѓање нови купувачи
  • испраќање понуди на нови купувачи преку емail, viber и сл. методи на комуникација

Работно време: 8-16 часот, сабота: 8-14 (се работи секоја втора или трета сабота, освен во Декември кога се работат сите саботи), државни празници не се работи.

Овозможуваме:

  • Редовна плата, платена прекувремена работа и додатоци за успешност во продажбата
  • Релаксирана работна средина, без притисоци и со можност самите да ги организирате своите работни активности
  • Годишен одмор 20 работни дена
  • Пријавени во завод за вработување
  • Службен мобилен телефон

ДЕКСИКО ДООЕЛ е увозник и дистрибутер на детски играчки и други детски производи. Постои 15 години на македонскиот пазар и опслужува поширока мрежа специјализирани продавници, супермаркети, а исто така врши директна продажба на игротеки, ресторани и сл. објекти (или физички лица) за нивните потреби од опрема за играње. Магацинот за продажба на големо се наоѓа во населба Автокоманда, управната зграда на АД ЖАС, во близина на Скопска Пивара.

www.deksiko.com, www.sakamigracka.com, https://www.facebook.com/deksiko

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • средно образование
  • познавање на работа со компјутери (интернет, email)
  • возачка дозвола Б категорија
  • искуство во возење на комбе (со Б категорија)
  • умешност за работа во продажба

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »