Машински инженер со искуство и познавања од областа на термотехнички инсталации, греење и ладење

За компанијата: Врвна Опрема за Греење и Ладење / Климатизација / Топлински Пумпи / Греење на Пелети / Радијатори / Подно Греење / Фенкојлерско Греење и Ладење / Проектирање Продажба и Сервис / Дел од брендовите со коишто... повеќе за компанијата »

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР СО ИСКУСТВО И ПОЗНАВАЊА ОД ОБЛАСТА НА ТЕРМОТЕХНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ, ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ

Почитувани поради проширување на нашиот тим имаме потреба од машински инженер со познавања од областа на термотехнички инсталации, опрема за греење и ладење.

Нашата фирма ТЕХНО АУТО ДООЕЛ  е со повеќе од 33 годишно искуство и активна работа во обаласта на Греење и Климатизација, HVAC (Heating, Ventilation and Air Conditioning).

https://tehnoauto.com.mk/

Генерални застапници сме и работиме со реномирани Европски и Светски брендови од областа на греење и климатизација од кои би ги издвоиле: THERMOFLUX, PANASONIC, BAXI - BDR THERMEA GROUP, ARISTON, PEKPAN, FONDITAL, ECOFLAM, SISARKA PELET и други.

Проектираме и Изведуваме инсталации на различни видови енергенси, од кои најпопуларни се: Греење или Греење и Ладење со Топлински Пумпи, Греење на пелети, Централни Системи за Климатизација - Греење, Ладење и Вентилација.

Видови Инсталации: Подно Греење, Радијаторско Греење, Фенкојлерско греење и ладење, Централни Системи

Освен продажба имаме и сопствен сервис на целокупниот наш продажен програм.

*Имаме отворена работна позиција за стручен, одговорен, амбициозен и посветен машински инженер ( термичар / енергетичар ) или техничар со високи познавања и солидно искуство, кој во нашата фирма секогаш ќе може да се надоградува и напредува

  • Предност би била поседување на возачка дозвола Б – Категорија
  • Познавање на Англиски Јазик
  • Познавање и активна работа со Microsoft Office
  • Познавање на процесот на креирање на понуди за термотехнички инсталации, како и правење понуди по спецификации

Ние нудиме:

  • Работа со висококвалитетни, врвни брендови, посетување на обуки и сертифицирање.
  • Конкурентни, редовни и стабилни месечни примања
  • Здравствено и пензиско осигурување на полн износ на плата
  • Можност за постојано растење и унапредување што би допринело за сукцесивно зголемување на платата
  • Работа во позитивен амбиент со трудољубива, пријателска екипа, која почитува тимска работа

Работната позиција е претежно за Скопје, но и со повремени патувања и до другите градови во Македонија, со стандардно работно време од 08:00 до 16:00 часот

Телефон за контакт: 071 257 086

e-mail - на кој можете да ни испратите Ваше CV:

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »