Senior Full Stack .NET Developer

За компанијата: BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во... повеќе за компанијата »

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на програмерскиот тим и објавува конкурс за вработување на .NET програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни и динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување.

Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:

  • Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
  • Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
  • Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.

Потребно е познавање и искуство со реални проекти на:

  • 3+ години искуство на реални проекти во ASP.NET MVC и C#;
  • MS SQL, Entity Framework, LINQ;
  • CSS, JavaScript и jQuery;

Како и солидно познавање на англиски јазик. Предност би имале кандидатите со искуство во:

  • Telerik UI controls suite;
  • Google APIs;
  • Web APIs;
  • Unit testing;
  • .NET Core и EF Core
  • Azure DevOps и/или Git

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »