За компанијата: Блажич е специјализирана компанија со седиште во Љубљана која е водечки дистрибутери на кант траки во Европа и ексклузивен застапник на бројни реномирани брендови на репроматеријали за индустријата за...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
БЛАЖИЧ Скопје – реномиран европски бренд за репроматеријали за мебел (www.blazic.eu) за својот тим во Скопје има потреба од
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Високо образование- економски факултет VII/1 степен
- По можност поседување на лиценца за овластен сметководител
- Минимум 3 години работно искуство во струката
- Активно познавање на сметководствени прописи и правни нормативи
- Одлично владеење на MS Office апликации, особено напредни вештини во MS Excel – задолжително!
- Искуство со интегрирани софтверски апликации
- Познавање на англиски јазик (пишан и говорен) + јазици од регион
- Возачка дозвола Б- категорија, активен возач
Одговорности и задачи:
- Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
- Администрација на увозно-извозни операции
- Изготвување извештаи, анализа на должничко-доверителски односи
- Следење на законски регулативи и сметководствени стандарди
- Aдминистративно, архивско и канцелариско работење
- Контрола,следење на комплетна документација
- Останати задачи за унапредување на системот
Личен профил:
- Организираност, проактивност, аналитичност
- Нагласена ефикасност и прецизност
- Исполнителност, одговорност и лојалност
- Исклучителни професионални комуникациски (писмени и усмени) вештини
- Етичност, моралност и позитивен став
Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија и писмо за намери на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака “за оглас за Сметководител“, најдоцна до 26.06.2021.
Напомена:
Без телефонски јавувања!
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Слични огласи »