ПРОФИЛ НА ПРОЕКТЕН ВРАБОТЕН
(работа во сопственото место на живеење / со можност за регионален ангажман)
Профил на кандидат за работа на Проектот со ограничено времетраење од 1 до 3 месеци, со основна работна функција за скенирање на хартиена документација и индексирање односно внесување на клучни податоци од скенираните документи во специјално дизајниран електронски систем за прием и чување на документите и податоците.
Профилот е полово, расно и верски неутрален, и се фокусира на способностите на лицата да ја разберат, да се обучат и да ја извршат проектната задача како што ќе биде дефинирана од Налогодавачот без разлика на нивниот пол, раса, политичко или верско убедување.
Основните карактеристики се:
1. Невработено полнолетно лице со завршено средно образование (опсег на возраст 18 – 50 години).
- Можност и за вонредни студенти кои сакаат да бидат пријавени како вработени во проектно ангажирање за рок од 1 месец или редовни студенти кои сакаат да работат на целно поставен проект базиран на дефиниран работен учинок – изразен квантитативно.
2. Неосудувано лице заради специфичноста на работата која вклучува информации од доверлив карактер согласно правилата на налогодавачот.
3. Добро познавање на работа со компјутер и кориснички компјутерски софтвер е ОСНОВНА КАВАЛИФИКАЦИЈА по која ќе се врши изборот.
- Секоја дополнителна способност која изразува напредно познавање на работа со компјутери, компјутерска опрема – скенери и принтери и дактилографски способности (брзо куцање) и знаења ќе бидат предност.
4.Способност за фокус кон детали, одговорност за сопствените постапки и спремна за самостојна работа, без директен надзор и периодична контрола.
5.Предност е да поседува возачка дозвола
Се охрабруваат сите лица кои одговараат на профилот, да испратат своја биографија на следнава емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Избраните лица ќе бидат повикани на обука, каде ќе научат се што е потребно за успешно извршување на проектот и после успешно помината обука, ќе можат да склучат договор за проектно ангажирање за род од 1 месец.
Можност да заработите од 25.000 до 40.000 денари нето, за 1 месец, во зависност од вашите постигнати резултати.