Спремач на пратки - Пикер

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

​ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

Спремач на пратки - ПИКЕР

Опис на работата и работните задачи:

Прием на артикли

Врши прием на артикли наменети за Online продавницата врз основа на претходно дефинирана нарачка од страна на комерција. Врши контрола на примените артикли (количина и артикли). Доколку нема грешка во приемот ја потврдува примената робаво систем.

 Позиционирање на артикли

Врши позиционирање на сите примероци на артиклина соодветно место на полици за таа намена. Спроведува складирање на примените артикли на соодветно место.

 Спремање на артикли од нарачка

Врз основа на добиена нарачка во систем врши пакување на артикли во дефинирано пакување за таа намена. Врши пакување на подароци за лојални купувачи врз основа на насоки од раководителот за е-продажба.

 Подготовка на испорака

Врз основа на спремени и спакувани артикли подготвува и печати фискална сметка, нарачка и транспортен лист.

 Предавање на нарачка

Во моментот кога артиклите и документите од нарачката се спремни за дистрибуција, ги остава на соодветно дефинирано место за контрола на спремена роба и го известува координаторот дека робата е спремна за дистрибуција.

 Прием на вратени артикли

Од координаторот за е-продажба ги добива и врши прием на сите вратени производи од потрошувачите. Гарантира вратените производи да бидат вратени на соодветно место доколку се во добра состојба за понатамошна продажба или ја предава на магацинот за оштетена роба.

 Хигиена и опременост Се грижи за хигиена за уредност на работниот простор – продавницата.

Квалификација ( степен и вид на образование )

- ССС

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Спремач на пратки - ПИКЕР  на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »