Менаџер за интернационална продажба

  • Објавен на 10.2017
  • Цертиадриа
  • Активен до 29.10.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Certiadria (www.certiadria.com) е компанија која работи во областа на ИТ како авторизиран партнер на Certiport / Person VUE за јадранскиот регион. Компанијата е лидер во понуда на светски признати образовни и сертифицирани програми. Она што ја прави оваа меѓународна компанија уникатна, се партнерства со светските лидери во сертификација и издаваштво, како на пример Microsoft, Adobe, Autodesk, IC3, C ++. Поради зголемениот обем на работни обврски, Certiadria објавува оглас за следнава позиција:

 

Менаџер за интернационална продажба

 

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (предност Економски или Технички факултет);
  • Минимум 3 години работно искуство во делот на продажба или проектен менаџмент;
  • Задолжително познавање на англиски јазик;
  • Предност имаат лицата со Microsoft Office Specialist (MOS) сертификат;
  • Менаџерски и продажни обуки ќе се сметаат за предност;
  • Возачка дозвола за Б категорија и можност за патување во странство.

Личен профил:

  • Комуникациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Професионален однос кон работни обврски;
  • Способност за конструктивно решавање на работни предизвици;
  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи;
  • Способност за раководење со тим;
  • Аналитичност и ориентираност кон резултати;
  • Иновативност и проактивност;
  • Ефективност и организираност.

Одговорности:

  • Врши анализа на пазарните трендови;
  • Креирање, имплементација и развој на продажни политики, процедури и упатства;
  • Изготвување на програма и стратегија за продажба и развој;
  • Комплетно раководење со предпродажните, продажните и постпродажните активности и процеси;
  • Водење, унапредување и промоција на продажбата во  земјата и странство;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални комитенти;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Следење на финансиски резултати и таргети;
  • Раководи со луѓето во секторот;
  • Изготвување на извештаи.

Нудиме:

  • Полно работно време;
  • Можност за напредување;
  • Постојана едукација и надградување;
  • Солидна плата со  постојана можност за бонуси;
  • Мотивирачка работна средина и можност за тимска работа.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV и мотивационо писмо со назнака “Менаџер за интернационална продажба“  најдоцна до 30.10.2017 година на следната маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Нецелосните апликации нема да бидат земени в предвид.

 

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »