(преземи го огласот во Word)
Боинтсофт е во потрага по талентирани и мотивирани PHP девелопери кои на креативен начин ќе ги искомбинираат своите вештини за веб дизајн и програмирање. Идеалните кандидати за отворените позиции треба да бидат подготвени за работа на веќе постоечки проекти, како и активно да учествуваат во предложување нови предизвикувачки идеи како за домашниот, така и за меѓународниот пазар.
Потребно е кандидатите да имаат искуство со следниве технологии:
- PHP;(HTML;CSS)
- MySql;
- JQuery/Javascript;
Ние ќе ви ги дадеме сите потребни алатки за работа, обука и менторирање, а од вас очекуваме:
- Познавање на англиски јазик;
- Желба за тимска работа;
- Искреност и самоиницијативност;
- Желба за проучување нови технологии;
- Проактивно размислување;
- Активно учество во решавање на настанати проблеми;
- Истрајност во работата;
- Позитивен и креативен пристап кон работата;
- Желба за лично и професионално усовршување;
Условите кои ги нудиме се:
- Работно време од понеделник до петок, во временски интервал од 40 часа;
- Статус на вработен од првиот работен ден;
- Редовна и компетитвна плата со континуирана можност за зголемување;
- Бонуси;
- Одлична и опуштена работна атмосфера, без притисоци;
- Државни празници не работиме;
Доколку сметате дека токму вие треба да бидете нашите идни колеги, пратете ги вашите CV-а на [најави се за да го видиш е-маилот] .