📍 Локација: Скопје
🕙 Работно време: 10:00 – 18:00 часот (понеделник – петок)
🏢 Работа од канцеларија (on-site)
House of Trucking е компанија која обезбедува услуги за транспортната и логистичката индустрија во САД. Поради проширување на тимот, бараме Финансиски Асистент кој ќе биде одговорен за финансиска администрација, фактурирање и поддршка на секојдневните финансиски процеси.
Одговорности:
✅ Изработка и испраќање на фактури
✅ Следење на наплата и евиденција на плаќања
✅ Комуникација со клиенти во врска со фактури и финансиска документација
✅ Организација и архивирање на финансиски документи
✅ Поддршка на финансискиот и оперативниот тим
Потребни квалификации:
✔️ Претходно искуство со фактурирање, администрација или финансии
✔️ Одлични организациски способности и внимание на детали
✔️ Познавање на Microsoft Excel
✔️ Солидно познавање на англиски јазик
✔️ Одговорност, професионалност и способност за самостојна работа
Доколку сметате дека сте вистинската личност за оваа позиција, испратете ги вашите информации на [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте директно.