Архитект за проектирање и дизајн на мебел

За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

АРХИТЕКТ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ И ДИЗАЈН НА МЕБЕЛ

Потребни квалификации:

  • ВСС – архитектонски факултет/факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
  • Познавање на програм за креирање на цртежи и документација за внатрешен дизајн - AutoCAD
  • Познавање на некои од програмите за креирање на портфолио за внатрешен дизајн - InDesign, PhotoShop, Canva, Ilustrator
  • Познавање на некои од програмите за креирање на 3D модели - Sketchup, Revit, Vectorworks
  • Познавање на некои од програмите за креирање на рендери - Enscate, Vray, 3ds Max
  • Познавање и работа во апликациите од Microsoft Office пакетот (Word i Excel)
  • Предходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Основно познавање на англиски јазик

Личен профил:

  • Посветеност, лојалност и одговорност
  • Одлични комуникациски способности
  • Флексибилност/адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност
  • Ефективност и ефикасност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РСМ.

Своето CV (со слика) доставете го на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: "Архитект за проектирање и дизајн на мебел".

Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »