ОГЛАС ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА “СМЕТКОВОДИТЕЛ”
Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс Груп Скопје
Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!
Квалификации:
- BCC
- Економски факултет
- Минимум 2 години работно искуство во сметководство;
- Кандидатите со лиценца за овластен сметководител имаат предност;
- Кандидатите со познавање на работа во САП имаат предност;
- Висока мотивираност;
- Способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија;
- Комуникативност;
- Ефикасна орална и писмена комуникација;
- Способност за тимска работа;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office);
- Познавање на англиски јазик;
- Упорност;
- Иницијативност;
- Подготвеност за работа во рокови;
- Работното место се однесува за Скопје.
Опис на работното место/одговорности:
- Подготвува и книжи фактури и друга сметководствена евиденција;
- Евидентира изводи од банкарските сметки;
- Евиденција на полисирана премија;
- Управување со вложените средства на компанијата;
- Поддршка на секторот за грижа за корисници;
- Изготвување на редовни и вонредни месечни и квартални извештаи;
- Изготвува завршна сметкa за компанијата;
Износот на месечната нето плата зависи од квалификациите и стручноста на кандидатот.
Вработување на полно работно време од понеделник до четврток 08.00 – 16.30 часот и петок 08.00 – 14.00 часот;
Првичен договор за вработување на определено време, со можност за продолжување на неопределено време;
Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “СМЕТКОВОДИТЕЛ“ на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 02.02.2022 година.
*НАПОМЕНА:
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.