Асистент на генерален директор

За компанијата: Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 30 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нашите полици секојдневно може... повеќе за компанијата »

ТИНЕКС-МТ има потреба од млади, енергични, претставителни лица со можност за напредок во кариерата за следното работно место во Скопје: АСИСТЕНТ НА ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР -1 лице

Основни задачи и одговорности:

  • Секојдневно организирање на работниот ден на Генералниот директор
  • Комуникација и координација со компаниите и лица со кои соработува Генералниот директор
  • Закажување и организација на состаноци на Генералниот директор и менаџментот на компанијата
  • Координација, комуникација, контрола и секојдневно учество во работата на погоните за производство во компанијата
  • Следење на пазарната позиција на компанијата во делот на сопственото производство и нејзината конкуренција
  • Изготвување на редовни извештаи и анализи за тековната работа во компанијата
  • Изготвување на извештаи и анализи за продажба
  • Комуникација со секторите во компанијата и координирање на истите
  • Комуникација и координација со клиенти и големи потрошувачи на компанијата како и следење на соработката со нив

Услови:

  • Основна нето плата: 25.000 ден.
  • Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на Договорот за работа.
  • Работно време: понеделник - петок 08.00 -16.00 часот
     

Молба за прием, со кратка биографија (CV), диплома за завршено образование, една фотографија, како и контакт телефон, испратете на следната адреса:

Молбите кои не се потполни нема да се разгледуваат.

Рок за пријавување до 18.02.2017

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование
  • Соодветно работно искуство (ќе се земе за предност)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Солидно познавање на втор странски јазик (ќе се земе за предност)
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот 
     

Очекувани вештини и способности:

  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »