Техничар за Информациски Технологии (ИТ)

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин.

По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање.

Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.

 Техничар за информациски технологии – 1 позиција

  • Инсталација/одржување на хардвер на сервери и напредна работа со windows серверски оперативни  системи.
  • Управување и подршка на компаниската инфраструктура
  • Независно обезбедување на техничка поддршка на корисниците
  • Извршување на потребните надградби и поправки на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер
  • Инсталација и конфигурација на мрежниот и компјутерскиот хардвер и софтвер како и инсталација и поставување на компјутерски и мрежен хардвер во подружницата на компанијата
  • Работа со мрежни технологии (IP, Ethernet,VLAN, VPN, итн), на мрежни уреди и серверска инфраструктура
  • Надзор со цел за да се обезбеди достапност на мрежата за сите корисници на системот и решавање на проблеми по пријава од корисници
  • Обука на останати корисници за правилна употреба на хардверот и софтверот

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на слични или исти работни задачи како и завршено високот образование ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Одлични комуникациски способности
  • Способност и флексибилност за индивидуална и тимска работа
  • Прецизност и аналитичност во работењето ·      

 

Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатот.

Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самоиницијативност, високо развиени интерперсонални вештини, Ве покануваме да аплицирате на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »