Инженер за заварување

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ИНЖЕНЕР ЗА ЗАВАРУВАЊЕ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одговорен за проверка и одобрување на сите фази на заварување и склопување на конструкцијата на автобусот;
  • Проверка на процесот, склопувањето, следење и одобрување на автобусот во различни фази на заварување;
  • Давање предлози за подобрување на процесите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС Машински факултет;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »