За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »Аналитичар во Контрола на квалитет
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Пожелна е факултетска диплома по фармација, но не се исклучуваат и факутетите по хемија, технологија, биологија или сродна област.
- Минимум 2 години работно искуство во фармацевтска лабораторија за КК.
- Претходно искуство во работење со HPLC.
- Одлично познавање на применливи аналитички методи и постапки.
- Одлично познавање на процеси за работа во фармацевтска лабораторија за контрола на квалитет, ДПП, ДЛП.
- Искуство во спроведување различни лабораториски анализи, работа со HPLC, GCMS итн.
- Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.
Одговорности и работни задачи:
- Ги спроведува активностите врзани со евиденција на секој прием на аналит за контола на квалитет
- Ја следи стабилноста на финалните производи и изработува студии на стабилност
- Учествува во ин-процес контролата на производите
- Го организира чувањето на контра примероци од извршени анализи
- Се грижи за архивирање на документација согласно воспоставениот Систем за управување со документација
- Изведува периодични калибрации, квалификации и изготвува извештаи од обавените активности.
- Известува или спроведува истрага за сомнителни резултати од тестирања.
- Пишува и документира извештаи за резултати надвор од спецификацијата за квалитет
- Следи резултати по параметри во спецификации и изготвува извештаи за резултати надвор од трендот
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Способност за самостојна и тимска работа со научен и технички персонал.
- Способност да работи под минимален надзор и можност за флексибилност кон обемот на работа врз основа на промена на приоритети.
- Самомотивиран, ориентиран кон детали и спремен да прифати дополнителни одговорности
- Способност за критичко размислување и поседување вештини за решавање проблеми.
- Одлични интерперсонални, вербални и писмени комуникациски вештини.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »