СТАР-СТАР Скопје лого

Административно-финансиски менаџер/ка во Скопје

За компанијата: СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, невладина и неполитичка организација која ги застапува интересите на маргинализираните заедници во здравствениот, социјалниот и правниот систем во државата, со апсолутен фокус... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

СТАР-СТАР објавува конкурс за вработување на административно-финансиски менаџер/ка во Скопје.

СТАР-СТАР е граѓанска, невладина и неполитичка организација која ги застапува интересите на маргинализираните заедници во здравствениот, социјалниот и правниот систем во државата, со апсолутен фокус на сексуалните работници во Македонија. За потребите во менаџирањето и управувањето со административните и финансиски ресурси на организацијата, Ве покануваме да аплицирате за позицијата:

АДМИНИСТРАТИВНО – ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/КА СКОПЈЕ

Работното време е 40 часа во работната недела (пон-пет).

Основна месечна НЕТО плата во износ од 35.000 денари по основ на договор за дело и/или редовно вработување со можност за брз раст според покажани резулати и утврдено организациско скалило на плати.

Опис на ангажман:

Административно – финансискиот менаџер/ка управува со административното и финансиско работење на седиштето на организацијата во Скопје и регионалната канцеларија во Гостивар, вклучувајќи:

Административно работење:

  • координација на административното работење во седиштето на организацијата;
  • управување со деловодната и книговодствена евиденција на организацијата (архива) согласно утврдените политики и воспоставени организациски стандарди;
  • изготвување на документи (договори, записници од извршни органи на организацијата, записници од комисии, тендерски постапки и останато);
  • спроведување набавки за потребите на организацијата по принципот на транспаретно и економски најисплатливо набавување;
  • логистичка организација на патувања, семинари, конференции и други настани за вработени и членови на организацијата;
  • управување со квартални, полугодишни и годишни пописи на инфраструктурните ресурси на организацијата;
  • исполнување други административни задачи поврзани со административното работење на организацијата согласно воспоставените внатре-организациски политики и регулативи.

Финансиско работење:

  • координација на финансиското работење во седиштето на организацијата;
  • водење на тековни финансиски состојби на проектите на организацијата;
  • управување со банкарските сметки во сопственост на организацијата;
  • управување со готовинско и безготовинско финансиско работење вклучувајки подготовка и исплата на банкарски налози и благајничката каса на организацијата;
  • подготовка на периодични и завршни проектни финансиски извештаи;
  • изработка на годишен финансиски извештај на организацијата;
  • годишно буџетско планирање, организациско и проектно;
  • финансиска комуникација со државни институции, домашни и странски фондации со кои организацијата соработува;
  • точна, професионална и навремена евиденција на промените настанати во материјалното и финансиско работење на организацијата;
  • комуникација со сметководителот на организацијата;
  • исполнување други финансиски задачи поврзани со финансиското работење на организацијата согласно воспоставените внатре-организациски политики и регулативи.

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • завршено високо образование;
  • најмалку тригодишно искуство со канцелариско и административно работење;
  • најмалку тригодишно искуство со финансиско менаџирање на проекти;
  • одлични вештини на информатичка технологија и работа со Excel;
  • одлично владеење на македонски и англиски јазик (вербална и пишана комуникација);
  • насоченост кон навремено извршување на работните задачи;
  • подготвеност да ги започнат работните обврски од описот на ангажманот од 01.11.2020 и претходна задолжителна седум дневна обука и постепено превземање на обврските.

За предност ќе се смета:

  • искуство или познавање на процедури за имплементација на проекти финансирани од меѓународни EU и UN агенции;
  • сензибилизираност и искуство во работа со маргинализирани заедници (сексуални работници, ЛГБТ, корисници на дроги, луѓе што живеат со ХИВ итн.);
  • обезбедена потврда/ препорака од претходен работодавач за работно искуство во областа на административното и финансиско работење кај работодавачот.

Начин на аплицирање:

Најдоцна до 15 октомври 2020 година (16 часот) заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

  • потврда за завршено образование;
  • потврда за познавање на англиски јазик (сертификат, диплома или друга потврда);
  • професионална биографија на македонски јазик;
  • писмо за мотивација на македонски јазик.

Документите со назнака Конкурс за административно-финансиски менаџер/ка Ве молиме доставете ги најдоцна до 15.10.2020 година до 16 часот на следнава електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Кандидатите кои најдобро одговараат на критерумите на повикот, ќе бидат повикани на интервју по завршување на конкурсот. Во зависност од изборот, организацијата го задржува правото да спроведе  тестирање на искуството и знаењето на кандидатите.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »