За компанијата: Quintessential Solutions International е интернационална компанија чие портфолио опфаќа финансиски услуги, консултантски услуги и услуги за регрутирање. Соработуваме со реномирани светски компании од медицинскиот, фармацевтскиот, финансискиот и ИТ секторот.
повеќе за компанијата »Quintessential Solutions International е интернационална компанија чие портфолио опфаќа финансиски услуги, консултантски услуги и услуги за регрутирање. Соработуваме со реномирани светски компании од медицинскиот, фармацевтскиот, финансискиот и ИТ секторот. Во рамките на нашиот нов проект соработуваме со Dhaman – Кувајтска компанија за здравствено осигурување која е основана со Министерска уредба, како дел од планот за развој на Државата Кувајт. Даман е структуриран како субјект со јавно-приватно партнерство и капитал од околу 800 милиони американски долари во ко-сопственост на Кувајтскиот инвестициски фонд и јавната установа за социјално осигурување, групата „Араби холдинг“ граѓаните на Кувајт. Затоа, објавуваме три можности за работа во медицински установи во Кувајт со одлични услови за работење и најсовремени медицински апарати, можности за доедукација и надоградба со нови техники и методи на работа, како и работа во интернационални тимови.
Одговорности на лекарот по семејна медицина:
Лекарот по семејна медицина е одговорен за дијагностицирање и третман на пациенти во примарниот здравствен центар со спроведување на потребен преглед и третман, прибирање и преглед на медицинска историја, препишување дијагностички тестови, препишување на лекови и, доколку е потребно, упатување на специјализирани лекари.
1. ЛЕКАР-СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА (ENGLISH SPEAKER)
Клучни одговорности и должности:
- Соодветно искуство и компетентност во сите аспекти на семејната медицина.
- Способност за ефективна комуникација со пациенти, семејства, медицински сестри, доктори и останат медицински персонал.
- Демонстрирана посветеност за континуирано медицинско образование.
- Демонстрирана можност за обезбедување квалитетна грижа за пациентите.
- Демонстрирана посветеност за подобрување на квалитетот за подобри здравствени резултати.
Потребни компетенции:
- Диплома од медицински факултет и специјализација по Семејна медицина
- Течно зборува и пишува англиски
- Валидна лиценца и членство во лекарска комора
- Најмалку 9 годишно искуство во областа, од кои 3 години по специјализацијата
- Лидерски вештини и внимание на деталите
- Одлични интерперсонални вештини и способност да гради тим.
- Комуникациски вештини, аналитички и вештини за управување со времето.
2. ПОМЛАД СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА (ENGLISH SPEAKER)
Клучни одговорности и должности:
- Да обезбеди соодветна медицинска, превентивна и рехабилитативна здравствена заштита на пациентите во согласност со најдобрите расположливи податоци, гарантирајќи дека испорачаната нега е квалитетна, водена од вредностите и во рамките на регулативата на работодавачот
- Одговорен за давање услуги за анализа, дијагностика и третман на примарна нега на пациенти, како и упатување на специјализирани лекари
- Способност за ефективна комуникација со пациенти, семејства, медицински сестри, доктори и останат медицински персонал.
- Одговорен за препишување дијагностички тестови во најдобар интерес на пациентот (на пр. лабораториски тестови, радиолошки испитувања и други дијагностички процедури).
- Ја прибира, прегледува и употребува на медицинската историја, записите, извештаите, резултатите од тестови или наодите за правилно дијагностицирање на проблемите
- Препишува соодветни лекови со правилна доза, препорачувајќи превентивна нега и унапредување на здравјето.
- Соодветно се справува со основни медицински третмани, како што се инјекции, мали операции, имунизација, превојување на рани и шевови и слично, и ја надгледува грижата за пост-третманот која ја пружа медицинскиот тим.
- Да се препознае сопственото ограничување при тешките случаи, како и да се обезбеди соодветно лекување според секој случај и да се пријават тешки случаи на релевантни засегнати страни, без да се загрози безбедноста на пациентите.
- Да се даде соодветно советување на пациентите за диета, исхрана, вежбање и други навики на живот за да се спречи или зајакне закрепнувањето од болести.
- Да изведува клинички консултации за идеално исполнување на сите задачи на консултацијата, како што е соодветно.
- Да ги документира сите средби со пациентите, медицинската нега и дадените совети во рамките на соодветното електронско медицинско досие и во согласност со стандардите за управување со најдобри практики за медицински записи.
- Да подготви извештаи за резултатите од прегледот на пациентите и медицински третмани, во согласност со законските регулативи.
- Да ги следи ги состојбите на пациентот, напредокот и повторната проценка на третмани по потреба според најновите препораки засновани на докази и на економичен начин без да ја загрози безбедноста на пациентите.
- Да се придржува до најновите локални и меѓународни медицински упатства и препораки засновани врз докази за време на консултација и третман на пациентите со цел најдобар интерес и безбедност на пациентите.
- Да ги спроведува и да се усогласи со идни должности и одговорности во согласност со решенијата на работодавачот, како и да предлага и изнаоѓа решенија за проблеми со цел подобрување на работното опкружување.
Потребни компетенции:
- Диплома од медицински факултет и специјализација по Семејна медицина
- Течно зборува и пишува англиски
- Валидна лиценца и членство во лекарска комора
- Најмалку 5 годишно искуство во областа, од кое 2 години по специјализација
3. ОПШТ ЛЕКАР ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА (ENGLISH SPEAKER)

- Најмалку 5 годишно искуство во областа
QUINTESO нуди:
Компетитивна основна плата на светско ниво, како и вклучени надоместоци за транспорт, храна и останати потреби
- Полно работно време
- Одлични услови за работа со најсовремени медицински апарати, доедукација и професионална надоградба, одличен интернационален тим
Кандидатите потребно е да го достават своето CV, (кратка биографија на англиски јазик со фотографија), документи за завршено образование, лиценца, потврда за работно искуство на емаил [најави се за да го видиш е-маилот] .
QUINTESO го задржува правото да ги контактира избраните кандидати за понатамошните фази на вработување.

Слични огласи »